Израелската полиција уапси 10 учесници на протестот поради зголемување на цените, а како што известува „Ерусалим пост”, ова е прв протест во земјата инспириран од демонстрациите на „жолти евреи” во Франција и во други европски градови.
Демонстрантите ја повикаа јавноста масовно да излезе на протестите поради зголемување на цените за електрична енергија, вода, прехранбени производи, како и да се спротивстави на монополската политика.
Израелската полиција претходно ги предупреди демонстрантите дека нема да толерира немири или насилство и уапси 10 лица за наводно исклучително неприфатливо однесување, напади врз полицајци и одбивање да ги слушаат полициските наредби.
Учесниците на протестите ги презентираа своите барања за итна акција од страна на владата и намалување на цените на бензинот за 60 до 70 проценти, спроведувањето на препораките за реформа на прехранбената индустрија и спроведувањето на реформите за зголемување на конкурентноста во сите области на пазарот.
Надевајќи се дека ќе постигнат успех сличен на оној во Франција за мобилизирање на масите, како што се случи во 2011 година со социјалните протести, околу 600 демонстранти во „жолти елеци“ блокираа крстосница и неколку патишта, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху дека го поткраднува народот.