Пречувствителната жена ќе влезе во вашиот живот со отворени карти. Таа ќе биде инстантна магија, а вие ќе бидете привлечени од нејзината добрина и сочувство, како и од начинот на кој секогаш наоѓа начини да им помогне на другите луѓе. Ќе ве инспирира и вас, па ќе сакате да бидете подобри – како за себе, така и за неа.
Вие брзо ќе се заљубите во неа, бидејќи ќе ви биде многу лесно. Таа не се воздржува, не калкулира колку љубов има за давање. Таа нема да си игра топло-ладно, бидејќи емоциите едноставно „течат“ од неа. Со тек на време вие ќе откриете колку интензивно се грижи за своите страсти. Не постои ништо монотоно кај неа – секој ден ѝ е нова авантура, шанса со вас да го истражува светот. Таа е електрична, а заедно, можете да постигнете сѐ што ќе замислите.
Да, нејзините емоции постојано излетуваат од неа. Да, кога е вознемирена, можете да го почувствувате тоа на оддалеченост од сто километри. Но, тоа е само затоа што таа не знае како да ги потисне емоциите, не знае како да ги држи нештата во себе. Кога ќе страда, ќе ви биде тешко да ја гледате. Нејзиното скршено срце ќе ве боли и вас и ќе посакувате да можете да го поправите. Ќе посакувате и никогаш повторно да не ја видите како плаче.
Вистина е дека нема да биде лесно, но сепак врската со пречувствителната жена е најдобрата што некогаш ќе ја имате, бидејќи таа не се плаши од потешкотии. Кога ќе имате проблем, таа ќе ви биде најголемата поддршка. Кога сте вознемирени, таа ќе ве ислуша и утеши. Кога сте анксиозни, ќе ги почитува вашите емоции. Никогаш нема да ви каже да се смирите или опуштите, вашите емоции никогаш нема да бидат причина за срам или понижување. Таа ќе ве разбира целосно.
Всушност, вие ќе научите многу за своите емоции само што ќе ја набљудувате неа. Таа не се казнува за начинот на кој се чувствува и вие ќе почнете да го посакувате истото, да бидете повеќе како неа. Тоа ќе биде врска полна со љубов, интензитет, страст и разбирање, бидејќи пречувствителната жена целосно се вложува. Таа дава 110% од себе, без разлика на сѐ.
Затоа бидете добри со неа, ценете ја и надевајте се дека никогаш, никогаш нема да ја изгубите бидејќи жена како неа, не се наоѓа лесно!