На рускиот пазар купувањето автомобилски гуми воопшто не е мала инвестиција. Затоа руските блогери решија да тестираат различни материјали кои би можеле да ја заменат гумата.
Мајсторите во „Гаража 54“ решија да искористат бетон и да го излијат во тркалата за „Жигули“. Излиениот бетон најпрво една недела стоеше во гумите, а потоа гумата беше исечена и бетонот беше оставен уште малку да се стврдне. Гумите излегоа прилично тешки. Секое тркало беше тешко 50 килограми, но мајсторите сепак ги поставија на возилото и тргнаа на полигон.
Како и ви теорија, така и на практика се покажа дека неармираната маса лошо го поднесува динамичкиот притисок и се распаѓа кога ќе наиде на најмала нерамнина на патот. По 5 минути и преминати 300 метри од комплетот алтернативни гуми остана само расфрлан куп искршен бетон.
Се наметнува едноставен заклучок: неармираниот бетон не е добар материјал за тркала. Додека дебел пресуван картон, стиропор и полиуретан можеби и би можеле да послужат.