Д-р Звездна ГЕОРГИЕВА
(авторот е психолог, јасновидец од Софија, моментално живее и работи во Скопје)
Ние сме тука на оваа земја за да сакаме и за да бидеме сакани.
Тоа е првиот космички закон според кој живееме тука и сега.
Никој не се раѓа со љубов кон себе. Треба да се потрудиме да ја добиеме и на тој начин треба да ги воспитуваме и децата.
Кога ја пренебрегнуваме љубовта кон себе, стануваме токсични и тој отров се шири и кон нашата околина.
Наспроти тоа, енергијата на убавината и љубовта ги храни нашите срца, односно четвртата чакра. Спокојството на срцето доаѓа од љубовта и хармонијата и таа тогаш е полезна за нас и за луѓето околу нас.
Празното срце води кон болести.
Срцето, т.е. четвртата чакра е како медијатор на телото и духот и ја определува силата на човекот. Постои енергетска врска меѓу физичкото тело и срцето, крвниот систем, тимусната жлезда, белите дробови, рацете, дијафрагмата…
Кога е негативна и разбиена, таа енергија ја нарушува енергетската врска на емоционалното и на телото. Таа енергија може да ја загубите ако имате страв да го следите „гласот на срцето“.
Стравот од емоционална слабост, од предавство и сл. се момнети во кои ја губите енергијата на четвртата чакра. Затоа љубовта кон божествената сила и хармонијата ги лекуваат нашето срце и крвоносниот систем.
Живеејќи тука на Земјата, ние се учиме да ги сакаме луѓето околу нас и да простуваме. Љубовта како енергија не лекува, стимулира, но може и да не разурне и да не разболи.
Начинот на кој реагираме кон предизвиците се регистрира во клетките. Секоја наша клетка има помнење. Затоа кога постои негативна енергија на клетките, нашите органи имаат потреба од лечење на енергетско ниво, имаат потреба од препрограмирање на негативната нергија во позитивна.
За ваше препрограмирање на клеточно нивно и хармонизирање на умот, духот и телото, можете да ме консултирате, а можна е и он лајн консултација.