Звездна ГЕОРГИЕВА

Психосотамика – грчки збор од psyxe – душа и soma – тело.

Психосоматиката е состојба при која нашите емоции и стравови влијаат на здравјето на телото. Внатрешните проблеми во душата и емоцијата водат до болести.

Начинот на кој вие реагирате на стресот, на емоциите – ваши и туѓи – води до болести на физичкото тело.

Одредени лични својства исто така водат кон разболување на човекот – тој што е премногу емоционален но и премногу мислечки човек, на пример, обично има висок притисок.

Психата и телото се една целина, а физичките симптоми се последица од психички фактори.

Тоа е случајот со егземата, псоријазата, крвниот притисок, потоа одредени болести на дишните патишта, како астма и бронхопневмонија итн.

Емоционалниот стрес и негативната мисла секогаш го уриваат имуниот систем.

Депресијата е психосоматско заболување. Стресот и депресијата се болка за телото на болест.

Според тоа, болеста ќе се јави на местото каде ви е најслабата точка.

Клучот на излекувањето е да бара извоорот на стресот. Оттука, мора да научите да ги препознавате знаците на стрес. Кај мажите обично тоа се болки во градите и високиот крвен притисок.

Кај жената тоа се заморот и раздразнетоста.

Механизите за справување со стресот ќе ви ги посочи вашиот психолог. Битно е да знаете дека против стресот не можете да се борите со алкохол, наркотици и цигари.

Психосоматичните болки се специфични физички болки, а причината за нив е нашата психичка состојба во која запаѓаме.

Нелекуваните емоции се впивааат во телото и го засегнуваат целото здравје на човекот.

Тоа е така бидејќи негативните емоции имаат различна честота од позитивните. Тие можат да ги повредат органите на телото, влијаејќи на клетките. Наспроти тоа, кога сте емоционално избалансирани, телото емитува позитивни чувства, чувство на задоволство и при што се ослободуваат хемиски соединенија во мозокот како сератонинот, допаминот итн. кои го водат телото кон добра состојба.

Негативните емоции влијаат на мозокот на тој начин што почнува да ослободува кортизол до токсично ниво што обично се случува при стрес. При висок кортизол, физичката болка лесно се идентификува, но емоционалниот стрес се изразува на најразлични начини.

Ако страдате од емоционаен стрес, не сте единствени. Мног луѓе страдаат од емоционален стрес. Но додека не почнат да чувствуваат физичка болка, тие не обрнуваат внимание на него.

Психосоматичната болка всушност е нарушување кое се карактеризира со хронични физички симптоми за кои нема медицинско објаснување. Психосоматската болка е причинета од нашата психичка состојба, а нашето тело не казнува зашто сме го изложиле на висок стрес.

Бидејќи умот и телото работат заедно, емоцијата може да доведе до повреда на нашите нерви и предизвикува физичка болка.

За да го излекуваме телото, треба да ги излекуваме негативните емоции

Болки поврзани со емоционалната состојба:

-главоболки и мигрени

-секојдневен стрес, беспокојство, раздранетост, потиснати емоции, замор, и сл.

-болки во областа на вратот и рамениците итн.

Вратот и рамениците се симбол – врз нив е тежината на целиот свет и тој треба да ја носи таа тежина.

Мошне често, болест се јавува и кога не можете некој човек да го оставите. Тоа е патот до излекување. Понекогаш, доволно е да му простите на тој кој ви е важен во вашиот живот.

БОЛКИ В ГРБОТ

-кога ќе се јават болки во грбот, тогаш тоа значи дека не добивате доволна емоционална поткрепа од луѓето околу вас.

Болките во долниот дел од грбот обично значат ваша загрженост за финансиската спстојба.

Емоционалниот стрес создава хаос и во хранителниот систем. Синдромот на раздразнети црева се јавува при депресија, беспокојство и слично.

Посттрауматичен синдром се јавува кога не можеш „да свариш“ некој човек, а мораш да го трпиш.

БОЛЕСТИ НА МАТКАТА

Причина се емоциите на жената, посебно кога таа нема доволно верба во себе како жена.

БОЛКИ ВО ЕКСТРЕМИТЕТИТЕ

Чувство дека екстремитите ви се вкочанети, значи дека имате страв да продолжите напред, да преземете важни решенија во вашиот живот. Вие сте потиснати и тоа во создава физички проблеми.

Истото се јавува и кога не сакате да го оставите минатото и да појдете вапред, односно да гонаправите преодот од минатото кон иднината, кон нешто ново и чувствувате страв поради тоа.

Кога имате болки во коленото, тоа значи дека на коленото му отсуствува флексибилност, а сето тоа може да биде предизвикано од погоре опшаните состојби.

Болките во рацете се последица на невомозжност да ја научите поуката од некои нешта што сте ги преживеале.

СИТЕ ВИДОВ ДИФУЗНИ БОЛКИ, ДУРИ И ФИБРОМАЛГИЈА

Сето тоа се јавува кога умот не успева да се справи со хроничното емоционално потиснување и дисбаланс.

ЗАКЛУЧОК

Емоциите се тесно поврзани со нашите физикки заболувања. Ако научиме како да се справуваме со емоционалната состојба и да ја управувме, ќе можеме да го излекуваме нашето тело.