Од гостувањето на Звездна ГЕОРГИЕВА на ТВ СТАР – Штип

Добар ден, дами и господа. Вие сте повторно на предавањето на Ѕвездна и со ТВ Стар. Пред да ви се претставам, само да ви кажам дека денеска нема да ви зборувам за духовни теми, туку ќе одиме директно со гледачи. Ви го честитам Велик четврток (емисијата е емитувана пред Велигден, минатата година) но и да ви кажам дека од ваков ден почнуваат големи вибрации и од денеска до крајот на другата седмица, се случуваат најсилните вибрации за јасновидство, за прочистување на негативната енергија од луѓето.

Од вечерва до крајот на другата седмица, луѓето може да се случи да ги сонуваат своите блиски роднини кои се починати, зашто астралот се симнува над нас, земните луѓе. Тоа се најсилните денови за јасновидство и остваруваме врска со нашите починати роднини, и затоа апелирам, ако најдете малку време, тогаш сега е моментот кога може да си ја погледнете вашата судбина.

Оваа вечер ќе јасновидствувам на повеќе луѓе, иако најдобриот период за тоа е Коледе. Јас работам 23 години, сум работела за нашите претседатели, за владата, за министрите, за бизнисмени…. Сум предвидела за нашите светски шампиони  и нивното освојување на златен медал, за тоа дека ќе стапат во брак по златен медал итн.

На Петар Стојанов му предвидов дека ќе биде претседател, иако имаше многу мали шанси да стане претседател на Бугарија, како и дека царскиот потомок Симеон ќе стане премиер на Бугарија. Го предвидов и паѓањето на Жан Виденов од премиерското место, што резултираше со голема криза во Бугарија итн. За овие 23 години сум поминала многу нешта… во Москва имам завршено клиничка психологија, а во моментов во САД подготвувам труд на темата парапсихологија. Астралот е отворен за вас и ве слушам дами и господа:

ГЛЕДАЧ: Роден сум 23/11/1961…

ЗВЕЗДНА: Име?

Бранко…

ЗВЕЗДНА: Убаво име, Тука во Србија и Македонија тоа име е популарно. Вие сте дојдени на овој свет како правичен и точен човек. Сте требале да го менувате местото на живеење и да живеете зад граница. Но во кодот на вашата судбина ви е запишано дека работите ќе ви се случуваат на потежок начин, ќе имате многу перипетии. Тоа не е магија, вашата карма е таква. Од пред година и половина, работите ви се во застој, посебно финансиите, но, вака јавно во етер, не е место да зборувам за вашите лични работи.

ГЛЕДАЧ: Родена сум на 13/4/1964, се викам Марија.

ЗВЕЗДНА: Марија, вие сте се родиле на страшно духовна вибрација. Ако го слушавте воведот, во овие дни за вас астралот е готов да ви даде многу информации… Ве молам да се чуеме по емисијата и дојдете на лична средба. Вие сте од луѓето кои ако се занимаваат со духовни техники, или ако се молите, треба да знаете дека вашите молитви се чуваат горе на посебно место. Има многу убави непшта, но гледам и негативна енергија која ви блокирала многу нешта во животот. Ова се денови кога се највисоките вибрации и ова е време е за јасновидство, за чистење на негативната енергија, време кога можеме да си помогнеме.

ГЛЕДАЧ: Добар ден. 31/5/1985, Рената.

ЗВЕЗДНА: Вие сте многу правичен човек. Уморна сте веќе од животот зашто нештата ви се случуваат на тежок начин и никогаш од прв пат. А во исто време имате добра интуиција и секогаш кога не сте го послушале внатрешниот глас, сте згрешиле. Мошне интересна карма…

ГЛЕДАЧ: 101/02/1997­/ Злате

ЗВЕЗДНА: Еве еден лидер. Но, нештата му случуваат од втор пат. Но, гледам дека се наоѓате во еден маѓепсан круг…Можеме да коментираме лично

ГЛЕДАЧ: Вероника, 02/09/1998

ЗВЕЗДНА: Вероника вие сте чувствителна личност, и треба да внимавте зошто тоа може да се одрази на вашето здравје, на срцето и дигестивниот тракт….

ГЛЕДАЧ: Тања, 26/01/1986

ЗВЕЗДНА: Вие сте силна личност, нештата Ви се повторуваат во вашиот живот, така што едно добро доаѓа во вашиот живот по два пати, но истото се случува и со лошите работи. Тања имате проблеми со најблиските луѓе. Некои работи не ми се допаѓаат кај вас, а се однесуваат на врските со вашите луѓе, па дојдете да се видиме и да ги прокоментираме нештата.

ГЛЕДАЧ: 7/08/1982, Сања

ЗВЕЗДНА: Амбициозна личност, но се зависи од нашата слободна волја и од тоа што сакаме да постигнеме. Во последните три-четири години, предадени сте на две личности во вашиот живот и во исто време, вие ја вртите вашата судбина, а не Бог, па не го обвинувајте. Истовремено, кога се во прашање тие две личности кои ја свртеле вашата судбина, Вие имате карма, но тоа мора лично да го прокоментираме.

ГЛЕДАЧ: Елена, 1987/15/05

ЗВЕЗДНА: Вам ви се паѓаат два дома на две граници. Мошне чувствителна личност, па треба да припазите на срцето. Од друга страна, како и кај еден човек од пред две вечери кој многу ме потресе, и кај вас има многу злоба од други лица која ви го спречува развојот. Оставам на вашата слободна волја да се видиме ако сакате и да зборуваме повеќе за ова.

ГЛЕДАЧ: 11/09/1982, Весна

ЗВЕЗДНА: На вас ви се паѓа дека до посакуваната цел стигнувате по тежок пат. Имате интуиција наследена од претходниот живот, а кога не ја слушате – грешите. Кај вас се работи за тоа дека морате да прекинете некаква љубов, а разочарувањето од љубовта сфатете го како нешто што требало да биде и продолжете.

ГЛЕДАЧ: 05/08/1950

ЗВЕЗДНА: Имате голема амбиција. Според вашата карма имате големи победи во животот, но се зависи од вашата слободна волја.

Премногу сте чувствителен, и се чувствувате како распнати. Внимавајте на срцето зашто крвниот притисок ви оди нагоре.

ГЛЕДАЧ: Дејан, 22/09/1971

ЗВЕЗДНА: За вас многу се радувам. Имате интересна карма. На 22, 9, 25 – тоа се дати кога ако се помолите кон Бога, вашите молитви ќе бидат сослушани, но се зависи од тоа далицверувате. Во овој живот треба да прекинете некои односи со ваши блиски луѓе, поврзано со поделби на имот и сл. И тогаш ќе ги прекинете односите со нив. Овие нешта се кодирани и некои работи не можеме да ги избегнеме, но многу повеќе нешта зависат од нашата слободна волја. Знам дека сакаш да зборуваме за бизнис, но сега немаме доволно време за тоа.

ГЛЕДАЧ: Коста, 26/07/1952

ЗВЕЗДНА: Кај вас има многу перипетии. Работите ви се случуваат преку многу проблеми, но раката на Бог е секогаш над Вас. Обрнете внимание на крвниот пртисок. Имате болка во душата, сакате да ме прашате за вашиот личен живот, но времет помина и плус, не е во ред да зборуваме за личниот живот вака јавно.

Во благодарам з авниамните на сите, ви посакувам убави празници.