Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Како што веќе објавивме, директорот на ДЗС, Апостол Симовски пред неколку дена во Дебар изјави дека „пописот се одвива без проблеми“ и очекува следниот ден да бидат попишани еден милион граѓани.

Според ДЗС, можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.