Од 59,27 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 36,90 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,92 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,16 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,05 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,56 проценти. Останатите кандидати имаа под еден процент, на ова отсто преброени гласови.

Излезноста е 56,83 проценти.

За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 32,88 проценти, постоа СДСМ – 21,53 проценти, ДУИ -15,62, Левица – 7,77, АА/А – 6,23, Зелен хуман град – 3,25, ЛДП/ДОМ – 3,53, БЕСА – 1,26 отсто, а останатите се под еден процент.

Најнови податоци од ДИК има во прегледот од табелата што го објавуваме подолу во текстов од кој може да се види дека предноста на Арсовска расте.