Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на здружената опозиција Тимчо Муцунски победи во првиот круг на изборите за градоначалник на Општина Аеродром, една од најголемите во Македонија.

Како што дознава Лидер, по 100 проценти преброени гласови Муцунски уште во првиот круг го победил кандидатот на СДСМ Александар Филиповски Цанде со речиси 10.000 гласови разлика.

Конечното пребројување покажува дека Муцунски има 18.793 гласови, а Филиповски 8.920.

Неважечките и гласовите на останатите кандидати не стигаат до бројката предност за Муцунски што значи дека тој има над 51 отсто од гласовите и ќе стане нов градоначалник на Општина Аеродром.