Четири пилоти загинаа кога два авиони за обука на Филипинските воздухопловни сили се урнаа за време на тренинг лет во база јужно од главниот град Манила, соопшти војската.
Во несреќата учествуваа два авиона SF-260 на тренинг лет во воздухопловната база Фернандо во покраината Батангас, објавија Филипинските воздухопловни сили.
Локалните медиуми објавија дека два авиона се судриле во воздух.
Авионите се урнале во периметарот на базата и нема други жртви.
ВВС привремено ја приземјија својата флота авиони за обука SF-260 додека не се испита причината за несреќата.




