Албанскиот премиер Еди Рама повика на дијалог пред планираниот за денеска студентски и граѓански протест во Тирана и други албански градови. Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама постави столчиња и клупи пред својата канцеларија во последните денови, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Денеска се закажани протести во Албанија, на кои се очекува да учествуваат студенти, професори, претставници на синдикатите, граѓани и политички активисти.

Се очекува наставниците да се соберат во близина на Политехничкиот универзитет во Тирана.

Албанскиот независен синдикат за уметност, култура и медиуми, исто така, објави дека ќе се придружи на денешниот протест во знак на солидарност со студентите и граѓаните.

Демократската партија на Албанија ги повика своите активисти да се соберат денес во 12:00 часот во поддршка на студентскиот протест.

Студентите закажаа протест во Тирана за 14:00 часот.