Стрелецот на победничкиот гол за Манчестер јунајтед на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите против Аталанта, реагираше емотивно на социјалните мрежи.

– Да! Олд Трафорд повторно гори!Живи сме! Ние сме луѓе обединети и никогаш не се откажуваме! Тоа е Олд Трафорд! – напиша Роналдо на Инстаграм.

Манчестер до трите дојде со подобра игра во второто полувреме, откако по првиот дел италијанскиот тим водеше со 2:0.

Во следното коло од Лигата на шампионите, екипите повторно ќе играат меѓу себе, но натпреварот ќе се игра во Бергамо на 2 ноември.

По три кола во Ф-групата, Манчестер е лидер со шест бода, Аталанта и Виљареал имаат по четири, Јанг Бојс е последен со три освоени бода.