Министерството за здравство ќе го набави „молнопиравир“, новиот лек за Ковид-19.

Министерството стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка, соопштија од МЗ.

Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид -19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Првите апчиња против коронавирус ќе им помогнат на луѓето со слаб имунитет и на тие кои веќе имаат тешки болести. „Молнупиравир“ се зема орално и луѓето можат да го земаат дома без да мора да одат во болница. Може да почнат да го пијат дури и пред да се влошат работите.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.

Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на коронавирусот, додаваат од МЗ.