Распоредувањето американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина за загриженост, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-САД де факто продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа, рече Песков.

Тој оцени дека распоредувањето војници „е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост“.

Пентагон претходно соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Северна Каролина во Полска и Германија, а уште 1.000 војници, кои веќе се во Германија, ќе бидат префрлени во Романија.