Според вечерашната одлука на РКЕ со која раководи Марко Бислимовски, цените на горивата повторно се зголемуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98- 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.