Раководството на кинеската армија денеска ги предупреди своите војници за можен воен конфликт.

Пред посетата на првата дама на САД, Ненси Пелоси на Тајван, која еднаш беше одложена поради Ковид-19, а не е сигурно дали ќе се оствари и одовјпат, на апликацијата на Веибо на Народноослободителната армија на 80-та кинеска армија е објавена кратка фраза: Подгответе се за војна!

Објавата за 12 часа доби над 300.000 лајкови.

Како што објавивме денеска, Пелоси тргна на турнеја во Азија при што ќе ги посети американските сојузници на овој континент.

Од поодамна беше најавено дека првата дама на САД ќе лета и за Тајван, но се уште не е јасно дали оваа посетата воопшто ќе се случи.

Денеска, исто така, објавивме информација за разговорот межу американскиот и кинескиот претседател, во кој Кси Џипинг му советува на Џо Бајден: Кој си игра со оган сигурно ќе изгори.