На моите аргументирани укажувања дека господинот (Стево) Пендаровски лаже и манипулира, тој упорно го прави токму тоа, единственото нешто што знае да го прави и по што ќе биде запомнет во историјата, пишува во денешниот текст во Нова Македонија, академик Љупчо Коцарев.

– Има премногу примери, но еве го најновиот: коментирајќи ги моите текстови, тој вели: „Македонија е таква, постои внатрешна структура и ти ако почнеш да викаш Македонците се разнебитуваат против Албанците и Албанците против Македонците – рецепт за катастрофа“. Повторно, манипулација: никогаш никаде не сум напишал и рекол дека „Македонците се разнебитуваат против Албанците“, туку дека Македонија се разнебитува (разурнува, уништува), а Македонците исчезнуваат благодарение исклучиво на македонските политичари, и тоа упорно продолжува да го демонстрира господинот Пендаровски, пишува Коцарев.

Неговата колумна во Нова Македонија МАНУ анте портас е позајмен од латинската сентенција Ханибал е пред портите:

– Насловот на денешниов текст е позајмен од латинската поговорка „Hannibal ante portas“, или „Ханибал е пред портите“, но Ханибал го заменив со МАНУ. Имено, познатиот картагински генерал во еден период бил синоним за најголемата опасност што му се заканувала на Рим, па затоа изреката се користи за да означи „закана од најголема опасност“. Но зошто и за кого записите и личните ставови на претседателот на МАНУ (прв меѓу еднаквите во МАНУ, како и другите членови, има право на свое мислење), па дури индиректно и на МАНУ, наеднаш станаа „најголема опасност“? Одговор на тоа прашање, кое во последно време станува сѐ поактуелно, ќе се обидам да дадам во продолжение на текстот, пишува Коцарев.

Целиот текст на академик Коцарев може да го прочитате ТУКА.