С. Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествуваше на состанокот на Контакт – групата за Украина во организација на САД во седиштето на НАТО.

Таа поддршка, како што рече Петровска, значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација.

– Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа, рече Петровска на состанокот.

Министерката порача дека досега Владата на Македонија донесе три одлуки за помош и поддршка на Украина.

На состанокот присуствуваа и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, НАТО генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и поголем број министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.