Русија денеска соопшти дека извршила вежби за противвоздушна одбрана во московскиот регион за да ја заштити својата критична инфраструктура во случај на „воздушни напади“.

„Во московскиот регион се одржа обука со персоналот на противвоздушната ракетна бригада на Западниот воен округ (ЗВО) за покривање воздушни напади врз важни воени, индустриски и административни објекти“, се вели во соопштението на прес-службата на Министерството за одбрана.

Според Министерството, руските војници вежбале користење противвоздушни ракети С-300.

„На вежбата учествуваа над 150 воени лица и повеќе од 30 единици оружје, воена и специјална опрема“, прецизираат од одделот.

Министерството за одбрана не прецизираше кога се одржала вежбата.