Владата го поништи решението на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со кое беше од должност разрешен директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш. Со ваквата одлука донесена од страна на министрите, практично Владата застана на страната на криминалот и на јавна функција враќа лице кое обвинето за криминал, поточно за трговија со дрога.

Имено, одлуката за понишување на решението за разрешување на директорот на центарот за социјална работа – Радовиш е донесено на 17 април 2024 година на Петнаесетата седница на Владата на Република Македонија.

Како што стои во самиот извадок, Владата го разгледала известувањето за разрешување на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, со бр.02-3375/1 од 12.4.2024, со предлог-одлука и донесе Одлука за поништување на Решение донесено од страна на министерот за труд и цоцијална политика, стои во решението.


Инаку, станува збор за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога.