Четири лица се приведени во рамки на истрагата за двете убиства што во кус период се случија во скопско Ѓорче Петров.
Тројцата скопјани А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) и струмичанецот М.Р.(26) се лишени од слобода.
Се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.
Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 22 октомври, во дом во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотното тело на 62-годишен маж. При првичниот преглед биле констатирани траги од насилство, поради што телото било предадено на обдукција.
Пет дена подоцна беше откриен уште еден случај на насилна смрт во истата скопска општина, што ги отвори сомнежите за можна поврзаност меѓу двете убиства. Во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ е пронајдена мртва 76-годишна жена




