Секоја година има промена на Влада а поголем доказ од тоа дека е слаба Влада нема, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.

„Зошто сметам дека вашиот статус како премиер е слаб. Прво не велам дека е тоа од лични причини, меѓутоа вие не потсетувате нас кои ни е професија политичкиот систем на италијанскиот профил на премиер. Италијанските Влади се слаби, а премиерите најчесто личат на „Брокери“. Што значи дека вие премиере сте „Брокер“ во слаба кршлива, конфузна и неука коалициона Влада со ретки исклучоци. Иако имаме слаб премиер на чело на егзекутивата, всушност што се случува? Ние овде безделниците да немаме никаков ниту да сакаме да имаме парламентарен надзор над егзекутивата“, рече Силјановска Давкова.

Таа посочи дека нема независно судство.

„Слабото мнозинство што го наследивте, ве турка во хронична и опасна зависност од вашите коалициони партнери, ама најмногу од големиот брат. Слаби ви се и настапите на медиумите“, кажа Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потенцираше дека коалицијата е вештачка и инкопатибилна.

„Вашата коалиција е вештачка и инкопатибилна како и претходните коалиции кои беа вештачки и инкопатибилни. Има неформално фракционерство. Зошто е тоа јасно бидејќи си заминаа некој министри и станаа важни фигури во социјал демократското и социјалистичко движење“, вели Силјановска Давкова.

Таа е децидна дека не може да се дојде до промени со овој тим.

„Владата ви е фрагментирана, допрва и ќе се фрагментира. Предлозите апсолутно не значи дека ќе добиете ветар и нова сила. Имате паралеризам опасен во Владата и во ликот на Бујар Османи сенадлежниот министер. Тој се меша и во МВР, се меша дури и во претседателските овластувања а претседателот не е ни „Фикус“ што венее туку е еден Кактус“, кажа Силјановска Давкова.