Дијалогот за Западен Балкан е клучен во обезбедувањето стабилност и просперитет, изјави денеска вицепремиерот Бојан Маричиќ.

– Низ конструктивен разговор со Стјуарт Пич, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан,во рамки на Минхенската конференција за безбедност ја потврдивме потребата Западен Балкан да остане на патот кон ЕУ, но истовремено и приоритет на ЕУ, особено сега кога Европа се соочува со безбедносни предизвици. Безбедносната криза во Европа е причина плус за обединување и моментум кој државите од Западен Балкан треба да го искористат за напредок на целиот регион кон ЕУ, објави Маричиќ на својот офцијален профил на Фејсбук.

Како што е познато, специјалниот пратеник Пич ја претставува Велика Британија, која беше членка на ЕУ до пред неколку години кога ја напушти Унијата.