„Уставните измени се најдоброто нешто за македонскиот народ“, рече вицепремиерот Артан Груби вечерва во гостувањето на телевизијата „Канал 5“, осврнувајќи се на внесувањето на Бугарите во највисокиот правен акт.

„Сметам дека со ова се решаваат сите прашања со соседите и Македонија како држава има една тапија. Со Договорот од Преспа Грција ни стана пријател, лобира за нас, а со Охридскиот договор, Албанците станаа лојални граѓани затоа што државата стана лојална кон нив“, рече Груби, наведувајќи и дека со Србија се реши прашањето за црквата.

Тој смета дека „со уставните измени македонскиот народ само ќе добие“ и дека, „ако државата е во статус кво, таа назадува и тоа не е добро“.