Северина Вучковиќ по неколку месеци и откажувањето на концертот на Копаоник, ќе пее во Србија.

Хрватската пејачка на почетокот на мај ќе настапи во еден белградски хотел. Оние кои сакаат да одат да ја слушаат и гледаат ќе мора да издвојат голема сума.

Како што дознаваат српските медиуми, цените се движат од 250 до 300 евра. Со влезниот билет гостите добиваат пијалок за добредојде и мезе, а се останато ќе треба да платат.

Да потсетиме, Северина во март требаше да настапи со Саша Матиќ и Милица Павловиќ на фестивал на Копаоник, но пристигнувањето го откажа кога слушна дека интересот на публиката е слаб, а јавноста имаше негативна реакција на нејзиниот најавен концерт.