Времето денес е променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.