Илија ДИМОВСКИ

Каков третман ќе има коридорот кон Охрид и Струга, таков третман мора да има и изградба на нов коридор кон Прилеп и Битола преку Бабуна…

Проблематична е позицијата на инвестирање на толкава голема сума средства во само еден регион на државата. Очигледно е дека не се внимава на рамнотежа на развојот и инвестициите, очигледна е предоминантната улога на ДУИ во носењето на одлуките на оваа Влада.

На трасата низ западна Македонија има автопат до Тетово и Гостивар, овој и ќе се проширува и веќе се гради автопат од Кичево за Охрид.

Но, на планираната траса за поврзување на централна со западна Македонија, само Прилеп и Битола да, ќе се поврзат меѓу себе со проширување на постоен пат до ниво на автопат, но ќе останат далеку исклучени од Велес и Скопје.
Прилеп и Битола се поголеми градови од Тетово и Гостивар, а и плаќаат многу поголеми даноци во државната каса.

Едноставно, за која било следна Влада ќе остане обврска не само да се заврши автопатската линија до Охрид и Струга преку Тетово, но и иста таква траса преку Велес, Бабуна, Прилеп, Битола, крак Лерин и крак Охрид.

Едната траса нема да може да биде завршена без другата.