Во САД во август биле создадени 187,000 нови работни места, продолжителен нагорен тренд за пазарот на труд, додека висината на платите ја надмина стапката на инфлација од јули, знаци дека економијта продолжува да покажува цврстина во време на нејзино оладување.

По повод успешните економски резултати претседателот на САД, Џо Бајден денеска имаше обраќање во Белата куќа.

-Америка се наоѓа во најсилниот период на креирање работни места во историјата, изјави тој во обраќање по повод претстоечкиот празник Денот на трудот.

Бајден рече дека САД создале 13.5 милиони работни места откако тој влегол во кабинетот, „од кои околу 800,000 во производството“. Во првите две години од неговиот мандат САД создале повеќе работни места од сите други негови претходници кои тоа можеле да го направат само за четири години.

-Ги обновивме сите работни места изгубени во пандемијата и креиравме многу други, изјави Бајден.

Извештајот за август е кулминација на 32 месечен продолжителен растеж на бројот на нови работни места, што е политичка победа за оваа администрација. Бајден се стремеше да состави влада која работи на зглемување на трудот во САД, што и му успеа во пресрет на кампањата за негов резибор, иако беше критикуван за високата инфлација лани.

-Мојот претходник беше еден од двајцата претседатели кои кога заминаа од претседателството оставија помалку работни места отколку кога го започнаа, рече Бајден критикувајќи го неговиот претходник Доналд Трамп, кој е лидер меѓу републиканците во трката за претседателски кандидат од таа партија.

Според извештајот од Бирото за статистика на трудот, стапката на невработеност во август се зголемила сосем малку, од 3.5 отсто на 3.8 отсто, а тоа значи дека околу 700,000 работници моментално немаат и бараат работа. Статистиката вели дека во август 600,000 работници се вработиле за прв пат.

Платите се зголемиле за 4.3 отсто, повисок годишен раст отколу инфлацијата чија стапка во јули била 3.3 отсто.  (МИА)