Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност, соопштуваат од СДСМ.

-Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување. ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан, велат од партијата.

Од СДСМ се децидни дека само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра. Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

Во извештајот стои поразителната констатација дека главната опозициска партија ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок. Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата, велат од СДСМ.