Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја поздрави одлуката на Израел да се согласи на хуманитарна пауза во северниот дел на Појасот Газа и рече дека треба да се направи многу повеќе за заштита на цивилите.

„Мислам дека е постигнат напредок“, рече Блинкен за време на кратката посета на Њу Делхи. „Но, јас исто така бев многу јасен за фактот дека треба уште многу да се направи кога станува збор за заштита на цивилите и доставување хуманитарна помош“, додаде тој.

Тој прецизира дека САД работат на „конкретни планови за тоа да се случи“. Тој рече дека четиричасовните паузи секој ден ќе овозможат спасување животи и ќе донесат поголема помош за Појасот Газа, кој е под опсада на израелската војска откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

„Многу повеќе треба да се направи за да се заштитат цивилите и да се обезбеди дека добиваат хуманитарна помош“, додаде тој. „Навистина премногу Палестинци се убиени“, рече тој.