Откако Мурињо неодамна доби отказ во Рома се појавија шпекулации дека кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, но португалскиот стратег, според италијански Скај Спорт, ја одбил понудата.

Според италијанските медиуми, за Мурињо се заинтересирани многу европски клубови, а пред сè англиски Њукасл.

Мурињо дојде во Рома во 2021 година, откако беше отпуштен од Тотенхем, а на италијанскиот тим му ја донесе титулата во Конференциската лига на УЕФА во сезоната 2021/22.