Македонката Ленче (Лин) Доневска од Сиднеј е австралиска државјанка со македонско потекло која ќе ја претставува Австралија на Светското првенство во „бенч прес“ кревање тегови од 22 мај до 1 јуни 2024 година во Тексас, САД.

Доневска, како што објави Светскиот македонски конгрес (СМК), има постигнато бројни успеси во спортот, меѓу кои учество на 3-тото Светско првенство во бразилско џуџитсу, 5-тото Светско првенство во кревање тегови и олимписките квалификации за женски боречки вештини.

СМК во објавата упатува искрени честитки за спортските успеси на Доневска и посакува високи резултати на нејзините наредни спортски натпревари.