Голманот на Трабзонспор, Андре Онана, доживеал сообраќајна несреќа во Турција по победата од 2-0 над Хартс во Конференциската лига, но за среќа, тој и членовите на неговото семејство поминале без повреди.
Камерунскиот голман се враќал дома со своето семејство кога неговиот автомобил бил удрен одзади со голема брзина. Од силината на ударот, возилото на Онана се судрило со автомобилот пред него, предизвикувајќи верижен судир во кој учествувале три возила.
Според информациите на медиумите, Онана бил пренесен во болница на лекарски прегледи, по што бил пуштен дома. Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, потврди дека голманот е во добра состојба, со што беа отстранети стравувањата за неговото здравје.




