Повеќе од 3.600 деца во Германија биле нападнати од римокатолички свештеници меѓу периодот од 1946 година и 2014 година, стои во извештајот кој што излезе пред неколку дена.
Студијата беше нарачана од самата Римокатоличката црква и требаше да биде објавена на 25 септември.
Според извештајот, околу 1.670 свештеници во Германија извршиле некаква форма на сексуален напад врз 3.677 малолетни лица, објави германскиот портал spiegel.de.
Портпаролот на црквата рече дека тие се “уплашени и засрамени” од наодите.
Извештајот е најновиот во долга серија на откритија кои откриле децении на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници ширум светот.
Според новата студија, само 38 отсто од наводните сторители биле кривично гонети, а повеќето се соочуваат со мали дисциплински постапки, објавија германските медиуми. Од еден од шест случаи биле вмешани во силување.
Повеќето од жртвите биле момчиња, а повеќе од половина биле на возраст од 13 години или помлади.
Предаторските свештеници честопати се преселиле во новите заедници, каде што не било објавено никакво предупредување за нивните постапки.
Студијата била составена од три германски универзитети, користејќи 38.000 документи од 27 германски епархии. Авторите на студијата рекоа дека вистинскиот степен на злоупотреба можно е да е многу поголем, бидејќи некои записи биле “уништени или манипулирани”.
“Ние го знаеме степенот на сексуалната злоупотреба што беше демонстрирана од студијата. Ние сме уплашени и засрамени од тоа”, изјави владиката Стефан Акерман, портпарол на конференцијата на германските епископи, која го нарача извештајот.
Тој рече дека целта на студијата е да ја осветли “оваа темна страна на нашата Црква, за доброто на засегнатите, но и за нас самите да ги видиме грешките и да сториме сé за да не ги повториме”.
“Јас истакнувам дека студијата е мерка што ја должиме не само на Црквата, туку, пред сè, на оние што се засегнати”, изјавил епископот.