Христијан МИЦКОСКИ по повод снимката за Заев на ФБ:
Единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал, примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна, бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш, и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам, ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните. На Македонија и треба влада и требаат луѓе кои што на брза трака ќе ја стават државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската унија.
Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава.
Слушавме што правел Рашковски- не сме го разбрале, тепаше оној градоначалник- не сме го разбрале, оној градоначалник шверцуваше- не бил сфатен, помилуван беше. Претходно овој нарачуваше полче- не било дрога, било нешто друго. Кога во оваа држава јавниот обвинител ,судството и обвинителството ќе докажат дека за секој граѓанин ќе има правда. Со овие луѓе нема Европа и нема иднина Република Македонија. Треба еднаш засекогаш на сите да ни стане јасно, извинувањето не е доволно. Извинувањето можеше да биде во првите недела две, па еве и во првите 100 дена од мандатот, третата година е денеска и во оваа трета година народот гласачите, без разлика за кого гласале, погледнете што се случува по социјалните мрежи, погледнете ги луѓето по улиците веднат глава, недостоинствено се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава, што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние, за какво извинување зборуваме.