Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).
Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.
Регистрирани се 147 оздравени пациенти од:
Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.
Направени се 3.073 тестови преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-115, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, МАНУ-144, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-315, Биотек-376, Систина-200, лабораторија Лаор-418, Синлаб-45, Ремедика-41, Плодност–34, Генеа–12, Никоб лаб-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 630.
Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.