Мислам дека тргнавме напред и сакаме тоа да остане така, порачал денеска специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Ричард Гренел, на прес конференција со српскиот претсдеател Вучиќ.
Гренел треба да го олесни дијалогот меѓу Приштина и Белград и за тоа разговарал со Вучиќ.
Тоа што е интересно е изјавата на Гренел во која тој вели:
„Ако двете страни не седнат и де дојде до разумно решение, САД ќе се повлечат“.
На прашањето дали мисли дека е фер да се бара Србија да ја повлече кампањата против независноста на Косово, а за сметка на тоа Приштина да ги повлече таксите за српската стока, како и што мисли за изјавата на Трамп дека нема да дозволи решавањето на односите меѓу Приштина и Белград да трае предолго ако нема решение, Гренел рекол дека не е до него да одлучува што е фер.
„Сакам двете страни да ги приближам, а на нив е да решат што ќе прифата, а што не“.
„Тие ќе ми кажат што мислат и што сакаат. Јас се обидувам политичките прашања да ги ставиме на страна и да се концентрираме на економијата“, додал Гренел истакнувајќи дека кампањата за повлекување на признавањата на Косов треба да престане.
Вучиќ од своја страна истакнал дека не прифаќа да се стави знак на еднаквост меѓу нелегалното воведување такси од страна на Приштина и кампањата на Србија за повлекување на признавањето на Косово.
„Ние имаме државен став по тоа прашање кој се разликува од ставот на САД и на Приштина. Тие сакаат што повеќе признавања, ние не и наша задача е да работиме на тоа“.
Според него не е исто укинувањето на таксите и повлекувањето на кампањата.
„Не може „танте за кукурику“, како што се вели кај нашиот народ, туку мора „танте за танте“, истакнал Вучиќ.