16.000 граѓани добиле отказ бидејќи нивните работодавали биле сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот и повеќе не можеле да им обезбедат редовни плати. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади невработени од кои 131 илјада се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа. Не е познато колку лица има кои се невработени, а не се пријавени во Агенцијата или се избришани од списпоскот поради доцнење при пријавувањето.
Денеска беа презентирани резултатите од Оперативниот план со кој се ублажуваа последиците од коронавирусот во економскиот сектор. Со планот биле опфатени 11.292 лица, а планот бил реализиран со 96,4 отсто.
Како помош се реализирани 1 милијарда и 495 милиони денари, од кои 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.
Во рамките на Оперативниот план се вработиле 157 лица со попреченост.
Оперативниот план за 2022 година тежи 29 милиони евра кои се наменети за отворање на нови работни места и зелени инвестиции.