За време на летните жештини, кои во последните години се проследени со висок процент на влага во воздухот, многумина спасот го најдоа во употреба на уреди за климатизација.
Сепак, со користењето климатизација не треба да се претерува. Неопходно е да се одржи оптималната разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура што не смее да биде повисока од 7 степени Целзиусови. Имено, прекумерна температурни разлики може да доведе до промени во кардиоваскуларниот систем, кои можат да се случат дури и кај здрави лица.
Внимателно со клима уредите! Можат да бидат виновници за ишијас, главоболка, болки во синусите …
Оптималната температура на која телото функционира беспрекорно треба да биде помеѓу 24 и 26 ° C. Сè што подолу не е здраво за човечкото тело.
Клима уредот треба редовно да се чисти и да се одржуваат филтрите за во него да не се собираат бактерии, габи, прашина, полен, и друго. Последиците од валкани и запоставени клими можат да бидат помалку сериозни (солзење на очи, течење носот, чешање како алергија, главоболка, кашлица, болки во грлото, алергиски промени на кожата, алергија на дишните патишта, грип) па до оние кои се сериозни, како што се воспаление на белите дробови или легионерската болест , за кои е потребна хоспитализација и антибиотици.
Препорака за правилна употреба на климатизери:
1. Разликата помеѓу температурата на отворено и онаа во просторијата со клима, не треба, по правило, да надминува 7 ° C
2. Одржување на релативната влажност во граница од 40 до 60%.
3. Редовно сервисирање, чистење и одржување на уредите за климатизација за да се спречи акумулација на габи, бактерии, прашина, полен, и друго.