Зелените розети познати како чувар куќа кои многу често можеме да ги најдеме на стари камени куќи, балконите и во градините, се исцелителни билки кои секогаш биле сметани за заштитници на домот и семејството. Нејзиното латинско име е Semprevivum tectorum. Во превод значи „оној што живее на покривите засекогаш“, а името на билката потекнува од старото народно верување дека ја заштитува куќата од громови и бури. Лесно се одгледува и може да издржи голема суша и екстремни временски услови.

Но, науката докажува дека чувар куќа е всушност чувар на човековото здравје бидејќи содржи јаболкова и мравја киселина, танини, калциум малат и мала количина на смола. Ова растение има анти-воспалителни и антисептични својства. Помага за лечење на многу болести како што се цисти, миома, хемороиди, воспаление на увото и уринарниот тракт, дигестивни нарушувања, брадавици, изгореници, осип, чир во усната шуплина, како и за менструални проблеми. Како лек, најчесто се конзумира во форма на сок или чај, а често се комбинира со мед. Покрај усната конзумација, може да се користи и за мачкање на кожата, во зависност од проблемот што го имате.

Лечи ушни инфекции

Во народната медицина чувар куќа се користи за ублажување на болката предизвикана од инфекции на ушите. Од свежите листови на растението се прават капки така што се блендираат, а потоа се процедуваат. Капките се ставаат во болното уво и се чека неколку минути тие да делуваат. Кога ќе поминат околу 5 минути, свртете ја главата на другата страна и дозволете капките да истечат надвор.

Помага за цисти и миоми на матката

Познато е дека чувар куќа може да ги намали цистите и миомите на матката. Во таков случај, билката се користи како додаток во мед, и се конзумира континуирано 20 дена. Доколку тогаш цистата не се намали, препорачливо е медот да се конзумира уште еден месец.

Медот се приготвува така што на половина килограм мед, ќе додадете 300 грама ситно исечкани листови од чувар куќа, и ќе ги измешате. Смесата потоа чувајте ја во фрижидер. Секое утро половина час пред доручекот земете една лажичка од медот, една лажичка помеѓу ручекот и вечерата и една пред спиење.

Го намалува воспалението на уринарниот тракт и иритацијата на кожата

Уште од антиката, чувар куќа се користи за ублажување на иритации на кожата, воспаление на уринарниот тракт и дигестивниот систем. Освен тоа, помага и при грчеви, гастритис и менструални проблеми. Доколку имате вакви проблеми, препорачливо е да направите чај од чувар куќа.

Чајот се приготвува едноставно. Неколку исечкани листчиња од растението, се ставаат во мал сад со 250 милилитри вода и се варат околу 15 минути. Потоа чајот се остава да се олади, се процедува и се пие. Исто така, чајот може да се користи и за премачкување на иритирана кожа.

Важно е да се напомене дека чувар куќа не треба да се користи за внатрешна употреба кај бремени жени, доилки и кај мали дечиња.