Многу ми е важно да ви кажам дека доколку се одлучите да се храните само со жива храна, не значи дека треба да се откажете од лебот. Ние сме подрачје каде навистина се јаде многу леб, присутен е на секоја македонска трпеза. Но, барем да се научите да јадете вистински леб. Можеби е најтешко да се произведе ваков леб, но вредноста што ја добивате го прави целиот процес вреден.

Леб, колачи, пици, тестенини, пиво… глутенот е насекаде. Пред десет години, единствените луѓе кои избегнувале глутен беа тие со целијаклија, автоимуно нарушување кое потекнува од нетолеранција кон глутен. Денес, повеќе од 6 милиони луѓе во Европа не јадат глутен, а само 10 проценти од нив се дијагностицирани целијаклија. Да видиме што е причината за ова. Дали луѓето едноставно се вовлечени во уште една модерна диета и дали избегнувањето на глутенот е тренд.

Со оглед на тоа дека глутенот најчесто се наоѓа во храната која е со скроб и рафинирани шеќери како што се леб, тестенини, житарици, колачи, бисквити и колачи, многу луѓе ги исфрлаат глутенот со намера да изгубат телесна тежина. Еден факт кој морам да го спомнам, а е потврден и од многу стручни лица е дека елиминирањето на глутен од исхраната ја намалува надуеноста, спречува замор и олеснува другите состојби.

Доколку не ги заменувате здравите влакна што се наоѓаат во целите зрна со доволно количество овошје и зеленчук, целосното ослободување од глутен може да предизвика недостаток од некои витални хранливи материи, што укажува на фактот дека единствениот здрав начин да исфрлите глутен е да јадете жива храна.

Житарките, без сомнение се едни од најважните намирници за човекот. Тие ги содржат сите пет хранливи материи – вода, минерали, протеини, маснотии и јаглехидрати, секако во различни количества кај различните видови жита.

  • Житните зрна се составени од три дела: обвивка, ‘ртулец и јадро. Во секој од нив има  хранливи материи со важна улога во начинот на исхраната на луѓето.
  • Јадрото на житното зрно е богато со сложени јагленохидрати и протеини, кои се основен извор на енегрија и на мали количества минерали и витамини.
  • ‘Ртулецот или ембрионот содржи антиоксиданси, витамини од групата на Б комплекс, витамин Е и незаситени масни киселини.
  • Обвивката, пак, е извор на растителни влакна, минерали и витамини.

Во оваа кујна користиме само житарки кои не содржат глутен, како хељда, просо и пченка,  кои ги има во Македонија, но и киноа и амарант.

  • Хељда

Белковините од хељдата се поквалитетни од белковините на другите житарици и полесно се сварливи. Хељдата содржи и витамин Б1 и Б2, како и витамин П, кој е одличен за отпорноста на крвните садови. Хељдата е една од најмедоносните билки. Дава 90 килограми мед по хектар. Каде има мед, таму е и витаминот Д. Ниедна друга житарка не содржи толкави количини на минерали како што содржи хељдата. Таа е вистинска ризница на калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо, никел, кобалт, јод, бакар.Семето од хељда може да биде одлична замена за оризот.Од семето на хељдата се прави исклучително хранливо црно брашно, кое може да се користи за правење на леб и други пецива. Во 100 грама плодови на хељда има 335 калории, 72 отсто јагленохидрати, 12 отсто белковини, 2,4 отсто растително масло, 25 отсто растителни влакна (добри за намалување на телесната тежина). Хељдата има извонредна нутриционистичка и фармаколошка вредност. Таа помага во превенција и лекување на слабокрвноста (анемија).

  • Пченка

 

Храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од појава на рак и други заболувања. Докажано е дека и житариците, а особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Пченката е богата со:

  • диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта
  • фолна киселина, која ги чува крвните садови
  • витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.

 

Процесот на ’ртење

Основно за подготовка на овие производи е да го знаете процесот на „ртење. Тој е навистина многу едноставен. Најпрвин добро треба да ја измиете житарката, се процедува неколку пати и 12 часа се остава на топло (сонце) да кисне. Потоа се процедува водата и се покрива со памучна крпа. Во текот на следните 2 дена се плакне неколку пати. Сами ќе видите кога ’ртулците ќе бидат долги и тогаш е спремна за конзумација. Скалдирајте ја во кутија и чувајте ја во фрижидер. Трае до една недела. И да напоменеме дека користиме житарки кои не содржат глутен, како хељда, пченка, овес, просо, киноа и амарант.