Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информира за средбата на својата фејсбук-страница.
– Државата е тука на долги патеки – нагласува Клековски во објавата.
Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.
– Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги патеки. Ги најавив и можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа приспособена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов – додаде министерот во објавата.
Фото: Фејсбук-страница на министерот за здравство Сашо Клековски




