Сто седумдесет и седум деца од ООУ „Братство Единство“ од Охрид се во изолација поради контакт со позитивни професори. Како што објави Охрид 1 информацијата ја потврдил директорот на училиштето, кој рекол дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од Ккомисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат он-лајн.

„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, вели за Охрид 1 директорот на училиштето Џамал Мехмед.

Директорот додава дека како училиште постојано ги следат препораките од Министерството и во целост ги спроведуваат. Дезинфекциски средства има во потребни количини, често се проветрува, но сепак поради мал ризик учениците наставата ќе ја следат од дома. Што се однесува до наставниот кадар, Мехмед вели дека истиот е 98 отсто имунизиран и дека и професорите кои во моментов се во изолација се со примени две дози на вакцина.

„Што се однесува до мене јас сум за настава со физичко присуство, но ние како училиште сме подготвени за вакви ситуации наставата во целост да ја спроведеме и он лине“, вели директорот.