21 септември 2018

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 септември

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Ма¬рија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими бла¬гата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Матеј.

Роден е во Кафарнаум. Кога Исус го повикал кај апостолите, тој бил цариник. Од записите на црковниот историчар Еузебиј, дознаваме дека Матеј пред своето заминување на далечното мисијско патување, им проповедал на Хебрејците, а потоа на хебрејски јазик им го напишал Евангелието (животот на Исус Христос). Свети Матеј како и другите апостоли умрел маченички.