Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј.
Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му беше доделен почесен докторат по теологија.
Средбата претставуваше можност за лична средба и разговор, а во духот на евангелската љубов и взаемното почитување.






