Како што пишива денеска бугарскиот весник „24 часа“, објавувајќи го текстот на насловната страница, ЕУ ја уценува Бугарија. Според весникот, Бугарија има план за инвестиции од 12,9 милијарди лева, што е околу 6,5 милијарди евра, а според весникот, тие пари ќе ги добие ако исполни два услови:
-едниот услов е Бугарија да има стабилна влада и да реши уште некои други внатрешни прашања;
-вториот услов е Бугарија да го дозволи почетокот на преговорите на ЕУ со Албанија и Македонија.
Според „24 часа“, иако во јавноста зборувала сосема поинаку, зад завесите Меркел била таа која го блокирала добивањето датум за Македонија. Сега, кога Меркел заминала, а претседавањето го презема Франција, Макрон ќе се заложи процесот за Македојија и Албанија да биде одблокиран.
Весникот признава дека не е позната позицијата на новиот германски канцелар Олаф, која може да биде иста како таа на Меркел, но и превидува дека ако му се вистините изворите за тоа дека Макрон навистина сакал двете држави да добијат датум, тоа можеби било само игра на „лош и добар полицаец“ што тој и Меркел ја спроведувале.