Бојко Борисов се уште е болен од Ковид 19. Од видео постот на Бојко Борисов поставен вчера се слуша дека гласот му е рапав, тешко дише и има кашлица, пишува доцна синоќа бугарскиот 24 часа. Тој одбил да оди во болница, иако болеста продолжува да трае и по поминати 14 дена откако е констатирана заразата кај бугарскиот премиер.

Тоа се неофицијалните информации на „24 часа.бг“ додека официјални информации нема.

Во неделата бил земен брис од Борисов за тестирање, а подоцна тестот покажал позитивен резултат. Вчера Борисов одново бил тестиран, но „24 часа“ до доцна синоќа немаше информации за резултатот од тој тест.

Борисов на 25 октомври објави дека е позитивен на корона вирусот. По ова, а и откако се се појавиле симптоми, тој се лекува во премиерската вила во Софија, а за него се грижи личен лекар.

Вирусот понекогаш опстанува и по 20-30 дена, односно толку време му треба на телото да се исчисти од него, коментирале експерти, пишува „24 часа”. Оттука не ги загрижувал фактот што и по 14-15 дена дена Борисов е позитивен, колку што биле загрижени поради влошувањето на симптомите токму кон крајот на минатата седмица односно на истекот од тие 14 дена, кога сосѕојбата треба да се поправа, а не влошува.

Според „24 часа“, промената на полошо се чувствува и од видеото на Борисов постирано на ФБ вчера. Гласот му е рапав, тешко дише и има кашлица.

„24 часа“ истакнуваат дека причината за сето ова е што Борисов одбил на почетокот да оди во болница. Сега за него покрај личниот лекар се грижеле и специјалисти, кои меѓудругото му давале лекарства и со инјектирање.

И Корнелија Нинова лидер на опозицијата беше заразена од корона вирусот. Но таа веднаш била примена в болница и по една седмица лечење била отпуштена на домашно лекување.

Вчера, пак, Зоран Заев во Скопје изјави дека денеска ќе замине за Софија за да се види лице в лице со Бојко Борисов и неговата екипа, откако пред некој ден беше соопштено дека разговарале телефонски за БГ блокадата на Македонија за преговори со ЕУ.  При ваква состојба на Борисов јасно е дека не можат да се сретнат, па или Заев лаже дека во Софија ќе се види со Борисов или неговиот кабинет ја промашил подготвката на патувањето, па немал поим дека бугарскит премиер во неделата имал позитивен тест и по 14 дена и дека не е докрај излезчен од Ковид 19.