По повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утре во 09.00 часот ќе се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Со литургијата, како што е објавено на официјална веб страница на Скопска Православна Епархија – МПЦ-ОА, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители.