Кога Воениот судија ја прочитал смртната пресуда за Гинова и останатите, според сведоштвото на Софија Поптрајанова – Калпака, во салата се слушнало: „Xелати! Таа никого не убила, убијци, зошто ја осудувате на смрт?“

„Наредувам да се изврши смрттна казна на Гини Ирина, Пападимитриу Петрос, Проју Георгиу, Муцакис Георгиос, Стојанин Христу, Лимби Димитриу и Михаил Томан. Датата на извршување ја определувам за 26 јули 1946 година, точно во 6,00 часот пред пладне.“

Ова е дел од наредбата на командантот на 36-тата бригада на грчката владина војска, Иоану Христос, пешадиски потполковник, за спроведување на одлуката на Воениот суд со која е извршена егзекуцијата на 30-годишната Мирка Гинова, како прва жена-жртва на „демократскиот“ повоен грчки режим и уште шестмина затворени и судени заедно со нејзе. Стрелањето е извршено како што било запишано во наредбата, откако претходно 16 дена жива ја закопувале во земја. Вината на Гинова е што се борела за тоа – како што самата кажала со своите последни зборови на судењето – „еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци“. Тоа во Грција, во 1946 година, не било дозволено.

Така, додека во 1946 година во Нирнберг течеше процесот против најблиските соработници на Адолф Хитлер заради нивниот обид даја реализираат идејата „еден народ-една држава“, во Грција се случува нешто сосема друго.

Кога Воениот судија ја прочитал смртната пресуда за Гинова и останатите, според сведоштвото на Софија Поптрајанова – Калпака, во салата се слушнало: „Xелати! Таа никого не убила, убијци, зошто ја осудувате на смрт?“ Навистина, сега во Грција не може да се добие пресуда заради идејата за слободно изразување на националната припадност и заради идејата за заеднички живот на Грците и Македонците, но кој знае, можеби тоа е само затоа што според нивната статистика, Македонци на земјината топка нема. Тоа не се дури ни тие Грци кои тврдат дека истовремено се и едното и другото, бидејќи такво пусулче за тоа немаат! Според грчките државни документи, Грција е етнички најчистата земја на светот, со тоа што, Македонците кои ги нема кај нив, не смее да ги има ни во друга држава.

Мирка Гинова е стрелана на денешен ден пред 72 години. „Јас сум раководителка на НОФ, која се бореше против Германците, а која сега бара рамноправност на нашиот народ во рамки на грчката држава. Се бориме за слобода и демократија“, рекла Гинова на судењето. Тоа се случило 1946 година. Токму затоа, во 6 часот наутро на 26 јули таа година, Грците ја стрелале.

Што ќе правиме со споменот за неа откако ќе ни биде наложено да си ја смениме историјата, засега не се знае. Всушност се знае. Нели?

Инаку, споменот на Гинова кај нас го оживеа на кратко грчкиот премиер Ципрас кој во своето обраќање до Комунистичката партија на Грција по повод расправата за Преспанскиот договор, го критикуваше нивниот став „против“.

-Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 да се вратат во нивната татковина. Ниту ќе се осврнам како на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција, порача Ципрас.

Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот. Рече дека па дури и да ги прифати нивните аргументи.

-Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба, рече Ципрас во неговиот говор.