За време на римскиот цар Диоклецијан, кога бил извршен жесток прогон на христијаните, настрадала и светата великомаченица Јулита со својот петгодишен (според некои сведоштва тригодишен) син Кирик.
Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија.
Кога месниот владател Александар разбрал дека Јулита станал христијанка, ја повикал и најпрвин со убедување се обидел да ја поврати во многубоштво. Но, кога во тоа не успеал, ја уценил со нејзиниот син.
Тогаш Јулита се уплашила, но синот и дал знак да не се откажува од верата во Христа поради што разбеснетиот владетел со нога го турнал детето од вториот кат и тоа на место останало мртво.
Потоа Јулита била мачена и со меч и била отсечена главата. Ова се случило во 304 година. Споменот на светите маченици Јулита и Кирик, светата Христова црква го празнува на 28/15 јули.